Во изминатите неколку години, многу инвеститори ги изгубиле речиси целокупните инвестиции наменети за криптовалути, за време на хакерските напади врз корисничките сметки или виртуелните паричници. Дали тогаш постои опција за чување и примање на криптовалута, којашто би била безбедна? Тоа е дилема како за инвеститорите почетници, така и за специјалистите. За среќа, постојат специјални платформи, како „Cryptoeddu“, коишто овозможуваат чување на криптовалутите на современи и безбедни сметки.
Модерни инвестиции
Криптовалутата е виртуелна валута проектирана да функционира како средство за размена. Таа ја користи криптографијата за заштита и верификација на трансакциите, како и за контролирање на создавањето на нови единици. Тоа означува дека во суштина криптовалутите се записи во база на податоци, коишто никој не може да ги промени, освен ако бидат исполнети определени услови.
Во децентрализирана мрежа, каква што е мрежата Биткоин, секој учесник мора да изврши исти дејствија. Тоа се одвива со посредство на технологијата блокчејн – јавен регистар на сите трансакции, коишто кога било биле извршени во мрежата. Сите во таквата мрежа го гледаат салдото на секоја сметка. Секоја трансакција е фајл, којшто се состои од јавни клучеви на испраќачот и примачот, како и од количина на испраќаните монети. Трансакцијата со помош на валута мора да биде потпишана од страна на испраќачот со приватен клуч. Потоа се испраќа во мрежата, но најпрво мора да биде потврдена.
Вредноста на поголемиот дел од криптовалутите е доста нестабилна и поради тоа тие имаат голем инвестиционен потенцијал и може да донесат голема добивка. Од каде знаеме, која криптовалута да ја купиме? Каде воопшто се купуваат криптовалутите? На овие прашања одговара платформата „Cryptoeddu“.
Купување на криптовалути
Постојат многу начини за купување на нашата прва криптовалута. За да се направи тоа, мораме да имаме смартфон со инсталиран дедициран паричник. Стоејќи пред банкомат, мораме да иницираме да се прикаже „QR кодот“ на паричникот и да го доближиме, за да го скенира машината, како и да извршиме едноставна трансакција на екранот. Се плаќа со готовина. Голема предност на „Биткоинматите“ е секако можноста за извршување на целата трансакција целосно офлајн, но со користење на модерна технологија. Меѓутоа, треба да се наведе дека машините наплатуваат 5% провизија од секое купување.
Дефинитивно поголема понуда на криптовалути и поголема достапност имаат физичките менувачници. Често може да се најдат и во мали градови. Голем дел од физичките менувачници на криптовалути се вообичаените менувачници за традиционалните валути, коишто одлучиле да го прошират асортиманот. Цената на размената обично е неколку проценти повисока отколку на берзите, но затоа пак трансакциите се целосно анонимни и може да се реализираат како онлајн, така и офлајн.
Купувањето на криптовалута на берза е најпопуларно решение во моментов. Берзите имаат предност над менувачниците, бидејќи овозможуваат релативно флексибилно менаџирање со цената за купување и продавање. Исто така, и провизиите вообичаено се пониски отколку во менувачниците. Повеќето од големите берзи имаат силни заштити и програми за заштита на корисниците.
Меѓутоа, најбезбедна форма на купување на криптовалути се Едукативните пакети со криптовалута, коишто ќе ги опишеме подолу.
За помалку напредните – улогата на посредниците
Криптовалута може да се прими, исто така, на специјални посреднички платформи, како „CryptoEddu“. „Cryptoeddu“ е еден вид на платформа, во рамките на којашто инвеститорите почетници може да добијат пристап до криптовалути дури на два начина. Како прво, можно е купување на пакет за обука во рамките на Пакет со криптовалута – тоа е многу погодна опција, бидејќи во тој случај плаќаме само за едукативните материјали, а криптовалутата ја добиваме како бонус.
Како второ, исто така, постои и можност за примање на криптовалута, којашто била претходно купена во рамите на пакет. Каде да се најдат таквите пакети? Може да се купат кај партнерите на „Cryptoeddu“ – брендови, коишто креираат разни Едукативни пакети со криптовалута. Во таков случај, треба да се внесе кодот од осум цифри доставен заедно со пакетот, за да се добие пристап до бесплатни токени на криптовалутата. Меѓутоа, не секој бренд соработува со „Cryptoeddu“, па затоа пред внесување на кодот, вреди да се осигурите, дали тој може да биде реализиран во рамките на платформата. Партнерите на „Cryptoeddu“ вообичаено самите упатуваат на страница, каде што може да се прими криптовалутата.
Идејата на платформата „Cryptoeddu“
Идеја на страницата „Cryptoeddu“ е обезбедување на безбедно место за почетниците, каде што тие ќе можат да ја примат својата криптовалута. Започнувајќи ја авантурата со инвестирањето, многу луѓе не се свесни, со какви опасности се соочуваат сопствениците на криптовалутите на Интернет. Инвеститорите аматери може да го изгубат својот имот поради грешка или невнимание, наведувајќи погрешни податоци на клучот или инвестициониот паричник, без да ја споменуваме можноста за кражба на податоците.
На платформата „Cryptoeddu“, криптовалутата е безбедна до моментот, кога ќе внесеме специјален код и ќе потврдиме дека би сакале да ја исплатиме. На тој начин, се минимизира не само веројатноста нашите средства да бидат украдени, туку и трошоците за чување на криптовалутата.
Купете пакет со криптовалута
Едукативниот пакет со криптовалута е специјална позиција за почетниците, којашто содржи информации за инвестирање и менаџирање со криптовалута. Едукативните пакети се состојат од материјали за обука: е-книги, вебинари и онлајн курсеви. Со нивна помош инвеститорот почетник ќе се запознае со основите на инвестирањето и начините за инвестирање во криптовалути, како и со складирањето и менаџирањето на криптовалута.
Карактеристика што ги истакнува Стартните пакети со криптовалута е тоа дека, освен материјали, клиентот добива и гратис единици на криптовалута. Постојат многу пакети, коишто се разликуваат според криптовалутата што се нуди како бонус и нејзината количина. Целта на бонусот е да ги поттикне сите клиенти практично да го искористат знаењето стекнато со помош на пакетот. Состојбата и вредноста на акумулираните единици може да се проверат со помош на специјален код.
Тоа, исто така, е дистинктивен елемент на едукативните пакети. Под код подразбираме документ испраќан со обезбеден пакет на адресата наведена од страна на клиентот. Таа содржи корисничко име и лозинка за паричникот, на којшто се акумулира криптовалутата.
Продавницата „CryptoEddu“ во овој момент нуди по промотивна цена Едукативен пакет со криптовалута „Ripple Plus“. Тој содржи низа е-книги и вебинари, коишто ги третираат прашањата поврзани со инвестирањето во криптовалути, а исто така, и правните одредби што се однесуваат на нив, прашањата поврзани со безбедноста и инвестицискиот ризик.
Едукативните пакети се компендиуми на знаење, коишто може да му дадат солидни мериторни основи на лице, кое никогаш порано не инвестирало во криптовалути или дури и немало контакт со нив.
Пакетот „Ripple Plus“ и Стартниот пакет „Ripple“ може да се купат на страницата „Cryptoeddu“
Подигнете го својот пакет
Откако ќе го добиете кодот, можете да изберете чување во индивидуален паричник доделен за секое купување на единици на криптовалута. Кодот составен од 8 цифри овозможува располагање со бонусната криптовалута.
За да ја подигнете, треба да го кликнете табот „Подигнување на криптовалута“ во горниот дел од страницата. Ќе се појави прозорче, во коешто треба да се внесе добиениот код и имејл адресата наведена при правењето на нарачката.
Место, каде што треба да се внесе кодот
Тешко е да се негира дека „CryptoEddu“ се истакнува со многубројни соработки со брендови, коишто нудат бесплатни единици на криптовалута додадени кон пакети. На страницата „Cryptoeddu“, исто така, може да се реализира подигнување на криптовалутата приложена кон сет купен надвор од самата платформа. Процедурата на добивање на криптовалута не се разликува од таа, со којашто се соочуваме во случај на купување на пакет на платформата, па оттука „Cryptoeddu“ има репутација на едноставна за ракување инвестициска платформа.